Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска и утре престојува на сигурно и проветрено, без десетпати повеќе ПМ-честички во воздухот од дозволеното. Макрадули ќе го престави Планот за чист воздух на Република Македонија на министерската конференција „Иновативни решенија за намалување на загадувањето во Југоисточна и Јужна Европа“ што денеска и утре се одржува во Белград.
Главна цел на конференцијата е изнаоѓање на заеднички начини и мерки за унапредување на животната средина, здравјето на луѓето и развојот на економијата во овој дел на Европа, односно, откако Макрадули го оправи воздухот во Македонија, четвртата светска велесила по загадување, се заангажира и за европскиот.
-Ме радува што Македонија доби подршка за планот, кој за разлика од другите земји е многу поконкретен, со јасни цели и таргети. Останува во заедничката борба со заеднички цели и со партнерите, да успееме да го имплементираме планот, во интерес на граѓаните на Република Македонија и за намалување на загадувањето, изјави Макрадули.
Министрите за заштита на животната средина на Конференцијата усвоија заедничка регионална визија на иновативни решенија за намалување на загадувањето и ги повикаа ОН да ја охрабрат и поддржат размената на информации и јакнењето на соработката меѓу земјите.
Во рамки на Конференцијата Макрадули оствари средба со српскиот министер за заштита на животната средина Горан Триван, на која меѓу останататото е разговарано и за воспоставувањето на еколошкиот фонд кој во Србија веќе функционира.
-Ние сме во процес на воспоставување на овој фонд и разменивме искуства, како и за загадувањето. Разговаравме и за дел од инструментите кои во Македонија не работат, како и да ни помогнат и за регионалната соработка во поглед на меѓуграничното загадување, како да добиваме повеќе податоци за заеднички да се справиме со загадувањето, изјави Макрадули по средбата.
Конференцијата е во организација на Министерството за заштита на животната средина на Република Србија во партнество со Програмата за заштита на животната средина на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст