Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против Д.К. (62) и Т.Ј. (77), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ и „изнуда“.
Во текот на 2017 и 2018 година, првопријавениот му дал заем од 500 евра на С.П. од село Ораовица и на неговата невенчана сопруга Н.П.. После тоа, тие покрај основиот долг, во повеќе наврати, му исплатиле дополнителен износ од 21.000 денари. Исто така, второпријавениот му дал заем од 50.000 денари на С.П., а тој за седум дена, покрај основниот долг, му исплатил дополнителен износ од 5.000 денари.
Потоа, на 03.06.2018 околу 18.00 часот во домот на С.П. во село Ораовица, пријавените го принудиле да потпише изјава за долг од дополнителни 975 евра. Потоа, двајцата континуирано му барале исплата на наведената сума, со месечна камата од 10 проценти .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст