| четврток, 6 декември 2018 |

Славчо ѝ помага на Владата: Засилениот ветер ќе го намали загадувањето

Засилениот ветер од северен правец кој ќе започне уште во текот на претстојната ноќ и ќе дува и во текот на утрешниот ден (среда), значително ќе го намали загадувањето на воздухот низ котлините во државава кое е на екстремно високо ниво.

Инаку овој северен ветер е поврзан со значително постудениот воздух кој се спушта од северните предели на Европа.

Во четврток и во петок наутро речиси насекаде минималните температури на воздухот ќе се спуштаат под нулата и ќе се движат во интервалот од -7 до 0 степени, токму поради ова ви препорачуваме задолжително со вас да понесете топла облека, односно капа и шал.

Времето ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево со умерена облачност.

Само оваа ноќ како и утре (среда) наутро ќе има послаби локални врнежи од дожд и снег на планините.

Подготви: Славчо Попоски

Ќути живти се, се загушивме

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top