| четврток, 6 декември 2018 |

Данска ќе ги праќа странските криминалци на напуштен остров

Странските криминалци, кои покрај казната ќе треба да бидат депортирани во својата земја, ќе бидат сместени на островот Линдхолм, кој е голем седум хектари и се наоѓа меѓу Ман и Зеланд, потврди министерот за финансии Кристиан Јенсен.

„Тие нема да бидат затворени“, појасни Јенсен. „Од островот ќе има траект, но нема да сообраќа цел ден, туку сите осудени ќе се носат ноќе. На тој начин, полесно ќе мониторираме додека се таму“, вели тој.

Во установата ќе бидат сместeни осудени странски криминалци кои Данска нема да може да ги депортира, како на пример, оние кои се без државјанство или ако Данска нема потпишано договор за реадмисија со нивната татковина.

Во моментот центар во Јутланд служи за таа намена, па таму се сместени и други лица кои не направиле некој крминал тику нивните апликации за азил се одбиени од Данска.

Тој центар ќе продолжи да постои, но ќе се користи само за сместување луѓе кои биле одбиени за азил и чекаат депортација.

Установата во Линдхолм пак, ќе се користи за сместување луѓе, со таканаречен толерантен статус, кои немаат дозвола за пресотј во Данска, но не можат да бидат депортирани, како и оние кои направиле одредени криминали/

Данскиот затвор и пробасиски сервис ќе бидат одговорни за сите операции во установата. Полицијата постојано ќе ги чува осудениците кои чекаат понатамошен транспорт.

Се очекува центарот со ваква намена да почне да работи во 2021 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top