| четврток, 6 декември 2018 |

Катругалос: Грција не е обврзана да го прифати терминот „македонски јазик“

Македонија може својот јазик да си го нарекува како сака, но Грција не е обврзана да го прифати тој термин според Преспанскиот договор, повтори Јоргос Катругалос, заменик-министерот за надворешни работи на Грција.

Тој пред новинарите рече дека Преспанскиот договор потврдува, како што вели тој, дека ПЈРМ нема право да интервенира во домашните работи во Грција, па според тоа не може да бара од таа земја именување на јазикот.

– Темата на јазикот е опфатена со член 7 од договорот, што му овозможува на ПЈРМ да го нарече својот македонски јазик, но не ја обврзува Грција да го усвои истиот термин. ПЈРМ истовремено прифаќа дека нејзиниот јазик припаѓа на “групата на јужнословенски јазик” и не е поврзана со античката грчка култура или историјата на северна Грција, рече Катругалос.

Тој истакна дека Атина е во постојан контакт со Скопје и дека ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент ќе биде ставена на дневен ред откако ќе заврши собраниската процедура со уставните измени во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top