| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во семејството на актерката: Пијан возач го уби братучедот, чичкото се бори за живот

Семесјтвото на 28-годишната Сара Хајланд се соочува со тешка трагедија, откако во саботата пијан возач удрил во возилото на неговиот чичко. Додека тој се бори за живот, неговиот син, 14-годишниот братучед на Сара, Тревор, загина на лице место.

Хајланд, ѕвезда од мегахитот „Модерно семејство“, преку „GoFundMe“ побара помош за собирање на средства за помош на семејството и понатамошна здравствена грижа за чичко и.

Како што пренесува „Е-онлајн“, возачот кој ја предизвикал сообраќајката веќе двапати бил апсен за возење во пијана состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top