Собранието со 64 гласа „за“, двајца воздржани и 14 „против “ го утврди амандманот предвиден со уставните измени, согласно Договорот од Преспа според кој „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави“.
Во Собранието сега продолжува дебата за XXXVI нацрт-амандман и последниот предвиден со уставните измени, а се однесува на иселениците и во него „Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“.
Парламентот викендов усвои два нацрт амандмани со кои се предвидува менување на името Република Македонија со Република Северна Македонија. Потоа, во Преамбулата на Уставот зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додава Охридскиот рамковен договор.
Откако ќе зарши оваа фаза, Владата која е предлагач на уставните измени треба да организира јавна расправа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст