| четврток, 6 декември 2018 |

Избегнувајте го центарот на Скопје – По Димитрија Чуповски се вози само во еден правец (фото)

Сообраќајот во строгиот центар на Скопје се уште се одвива отежнато откако во саботата попладне пред македонското Собрание движењето „Македонија блокира“ постави мини-шатори по протестот, против утврдување на нацрт амандманите согласно договорот од Преспа, со кој се предвидува промена на Уставното име.

И денеска, припадници на полицијата има на неколку места во центарот на Скопје, кај Собраните како и кај Палома Бјанка каде што ги пренасочуваат возилата. На улицата Димитрие Чуповски сообраќајот се одвива само во еден правец, па на улиците кои гравитираат околу оваа, сообраќајот се одвива отежнато.

Движењето „Македонија блокира“ не отстапува од најавеното и како што најавија претходно шаторите остануваат пред Собранието до Нова Година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top