| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа Беквалац: „Не знаев што да правам и им се јавив на родителите“

Пејачката Наташа Беквалац помина низ многу тежок период, кога бившиот сопруг Лука Лазукиќ ја претепа во станот, и тоа само еден месец по раѓањето на нивната ќерка Катја.

За време на гостувањето во популарна ТВ-емисија, убавата пејачка првпат јавно проговори за периодот на бременоста, кога не била во состојба да работи, истакнувајќи дека е многу важно за жената да биде материјално независна.

-Јас не знаев што да правам, се чувствував толку лошо. Почнав да работам во вториот месец на бременоста. Закажав новогодишен настап, додека бев бремена, но подоцна сфатив дека не е пристојно да настапува со стомак до заби, па се повлеков од сцената“, раскажа Наташа, која се задржа и на разликите помеѓу нејзините две ќерки Хана и Катја, посочувајќи дека постарата е мирна и повлечена, но втората е бунтовна и многу личи на неа.

-Им се јавив на родителите за да ги прашам како постапувале со мене. Јас бев бунтовник. Ако ми кажат дека нешто не смее или не може, јас намерно го правам тоа“, призна Наташа, присетувајќи се на периодот кога на 18 години збегала од дома со дечкото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top