| четврток, 6 декември 2018 |

Израелската амбасада донираше 48 специјални колички за деца

На Меѓународниот ден на лицата со попречености, израелската Амбасада донираше 48 специјални колички за деца.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција се заблагодари за донацијата, и заедно со амбасадорот Дан Ориан дел од количките им ги предаде на Детската клиника во Скопје.

– Предизвиците на Министерство за здравство се да ги отстрани сите видови бариери, за овие лица, да создаде развој и поголема достапност на нови сервиси за поддршка, подигнување на капацитетот на сите институции и нивна поголема вклученост во општеството – рече министерот Филипче.

Пет од овие колички ќе бидат распределени на Универзитетската клиника за детски болести, дел ќе одат на Детска хирургија, во Клиничките болници Битола, Прилеп и Штип, во Завод за рехабилитација-Скопје, но и во други здравствени установи низ земјава.

Количките ја олеснуваат мобилноста и движењето на децата пациенти во болнички услови.

Министерство за здравство се заблагодари на Израелската амбасада за донацијата. Најавена е соработка и во следниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top