| четврток, 6 декември 2018 |

Се превртел неколку пати: Беровец со трактор паднал во провалија, починал во струмичката болница

Вчера во село Двориште, беровско, З.Ц. (39) од село Двориште, додека управувал трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал во провалија, превртувајќи се неколку пати.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде околу 13.30 часот починал.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово. Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top