Средношколскиот фестивал за уметност „Три дена култура“ отвори повик за пријавување на млади уметници кои сакаат да учествуваат со свој краток филм, кратка театарска претстава, со својот бенд или на дигитална изложба на средношколскиот фестивал кој ќе се оддржи на 7, 8 и 9 март 2019 година во СУГС „Никола Карев“ – Скопје.
Второт издание на фестивалот е во организација на „Art house Karev“ и служи како простор во кој најмладите уметници ќе можат да ги претстават своите нови идеи, сфаќања и размислувања за уметноста.
Првиот ден, како што информираат организаторите, е младинскиот филмски фестивал на кој ќе се прикажуваат кратки филмови од средношколци и студенти, вториот ден се театарските перформанси на кој студентите и средношколците ќе можат да се претстават со своја кратка театарска претстава, а третиот ден е свирка на средношколски бендови и дигиталната изложба која вклучува ликовни дела и фотографии од средношколци.
Повеќе информации и пријавување можете да најдете на официјалниот фејсбук настан. На првото издание на „Три дена култура“ организирано во февруари годинава, учество земаа повеќе од 200 средношколци во сите категории, а настанот беше посетен со повеќе од 1000 гости за сите три дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст