Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција запрашан за став околу прашањето кое го отвори косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај, дека во Македонија, Хрватска, Косово и Црна Гора се разговарало за пакт против Србија, одговори дека тој се оградува од било какви разговори, бидејќи тие не постоеле.
„Сакам да се оградам од било какваи разговори, не постоеле, ниту пак некој ги номинарал и само апелирам и до Косово и до Србија да градат пријателство низ дијалог“, изјави Заев.
Премиерот додаде дека тие како Влада важат во регионот, во Европа и во светот како градители на добро соседтски односи. Никој од нас не побарал вакво нешто ниту пак било разговарано за ова прашање, изјави Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст