| четврток, 6 декември 2018 |

АХВ бара од општините ги контролираат бездомните кучиња

Агенцијата за храна и ветеринарство активно работи на создавање услови за решавање на проблемот со бездомните кучиња.

Испратен е допис до сите општини кои имаат законска обврска за воспоставување на соодветен систем за контрола на популацијата бездомни кучиња, соопшти денеска АХВ.

– Од страна на официјалните ветеринари се вршат контроли дали локалните самоуправи имаат донесено план и програми за контрола на популацијата бездомни кучиња и во која фаза на реализација се во делот на изградба на прифатилишта за бездомни животни, како најсоодветен систем за контрола на популација на кучиња кој општините имаат законска обврска да го воспостават, наведува Агенцијата.

АХВ појаснува дека со контролите констатирани се неусогласености кај дел од општините и даден е рок за нивно отстранување, по што доколку не се постапи по истите, согласно законските надлежности, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе изрече и законски казни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top