| четврток, 6 декември 2018 |

Што сакаат жените?- одржана конференцијата „Профемина 2018“ (Галерија)

Посетителите заминаа побогати со знаење од областа на убавината и здравјето, но и со полни раце подароци – кои ги обезбедија „Vichy“, „La Roche Posay“, „Орифлеим“ и парфимериите „Еликсир Ексклузив“

Овогодинешната конференција „Профемина 2018“, која по третпат со голем успех ја организира компанијата Колор Медиа Плус и магазинот “Убавина и Здравје“ помина во знак на слоганот на манифестацијата – Што сакаат жените?

Pro-Femina 2018

Главната конференциската сала на хотелот „Александар палас“ беше претесна да ги собере сите посетители на „Профемина“, кои дојдоа во огромен голем број да ги следат осумтте панел-дискусии, на кои беа разработени теми од областа на здравјето, убавината, исхраната, социјалните мрежи…

Pro-Femina 2018

Главна тема на конференцијата беше прашањето „Што сакаат жените?“, па оттука произлегоа и дискусии за најчестите женски прашања.

Во 10.20 ч, водителката и стендап-комичарка Ивана Наскова ги расположи присутните во салата со специјално подготвен стендап, кој беше награден со громогласен аплауз. Ивана ја покани на сцената уредничката на највлијателното списание на жени „Убавина и здравје“, водителката Јована Стојменовиќ, која им се обрати на присутните во преполната конференциска сала и ја најави првата панел-дискусија, под покровителство на „Горењка“, насловена како „Трендови во индустријата на убавината: Антиејџинг и дискретни естетски корекции“.

Pro-Femina 2018

По првата панел-дискусија, следуваше првата студија на случај, под покровителство на специјална болница за очни болести „Деница“, која ја водеше Елена Стојановска Јанковска, а во која експертите им објаснија на присутните колку е важна превенцијата на очните заболувања.

Pro-Femina 2018

Јована Стојменовиќ ја најави втората студија на случај: „Beauty talk: Кожата говори за вас“, под покровителство на „Виши“, на која беше потврдено дека со правилна нега може да се забави стареењето на кожата.

Pro-Femina 2018

Вториот панел на „Профемина 2018“, под покровителство на La Roche Posay, ги одговори сите прашања на родителите за бебешката и детската кожа.

Pro-Femina 2018

По кратката кафе-пауза, за време на која гостите на конференцијата уживаа во вкусот на „Нес-кафе“, coffee партнер на „Профемина“, следуваше третата панел-дискусија, под покровителство на „Ревалид“: „Нега на косата и скалпот: Дали знаеме колку е важна?“.

„Што всушност претставуваат престижот, успехот и убавината: Како да изгледате здраво, убаво и фит?“, се прашањата со кои водителката Елена Стефановска го отвори четвртиот панел, под покровителство на „Орбико“ (Bobbi Brown, Estеe Lauder, Anabella).

Pro-Femina 2018

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top