| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Трамп има ново момче, а кога претседателот ќе слушне од каде е зетот… (Фото)

Најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани, започнала нова љубовна врска во тајност, пишуваат американските медиуми.

Таа наводно е во врска со богатиот наследник Мајкл Булос, кој пораснал во Нигерија, а членовите на неговото семејство се сопственици на конгломерат кој се занимава со малопродажба на автомобили, опрема и градежништво.

“Тифани го запознала Мајкл, кој последните години живее и работи во Лондон, а влече либански корени, ова лето”, рекол извор близок на ќерката на претседателот на САД.


Парот прв пат јавно се појавил на почетокот на ноември на една модна ревија во Њујорк, но тогаш не се знаело дека се во врска.

Трамп наводно го прифатил момчето на својата ќерка, и очигледно не му пречи што пораснал во една од африканските земји, иако на почетокот на годината рекол дека Ел Салвадор, Хаити и некои африкански држави се “големо с*ање”.

Имено, тогаш прашал зошто се дозволува луѓе од тие земји да доаѓаат во Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top