Три лица с еповредени, од кои една жена потешко, во сообраќајната несреќа која вчера во 11.25 чaсот се случи на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај село Ново Село.
Во несреќата, како што информираат од МВР, учествувале патничко возило „Ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.Б.(77) од Република Албанија и товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(46) од Република Албанија.
-Притоа, со тешки телесни повреди се здобила К.П.(66) од Република Албанија, сопатничка во возилото „Ауди“, додека со телесни повреди се здобиле возачите на двете возила. Тие биле пренесени во болницата во Охрид каде им била укажана лекарска помош, соопштуваат од полицијата.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст