Скопје продолжува да се гуши во загаден воздух. Утрово сонцето ѕирка, но се чуствува загаденоста само ако се напушти домот. Надлежните велат дека преземаат мерки, но дали се доволни и најсоодветни?
Од Советот на Град Скопје најавуваат при првата наредна седница дека ќе расправа и одлучува за промена на цената за час паркирање на паркиралиштата со кои стопанисува „Градски паркинг“ во денови кога ќе бидат прогласени вонредни мерки поради надминување на праговите на алармирање на ПМ10 честички.
Најверојатно цената ќе се биде двојно зголемена во тие денови и целта е да се стимулираат скопјани повеќе да го користат градсккот превоз, а автомобилите да мируваат, со што и загаденоста ќе се намали.
Останува прашањето, кога и при какво загадување ќе се прогласат такви вонредни денови. И дали условите за тоа ќе се констатираат преку мерните станици кои час работат, час не работат…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст