Саудискиот принц Мухамед Бин Салман присуствуваше на дводневниот самит на Г-20 во Буенос Аирес, кој е негов прв настап на меѓународната сцена од убиството на новинарот Џамал Кашоги.
Сепак, вниманието беше насочено кон обувките кој тој ги носеше и беше во центарот на вниманието.
Бин Салман, на првиот ден од самитот, носеше бели влечки, слични на популарните апостолки.
Додека се уште се чека како светските лидери ќе реагираат кога ќе се најдат во близина на контроверзниот принц, саудискиот престолонаследник најпрво се ракуваше со претседателот на Аргентина, Морис Макри.
На фотографијата од нивното ракување, се гледа дека Бин Салман е во бели влечки, а претседателот на Аргентина во чевли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст