| четврток, 6 декември 2018 |

Пристигна декември, погледнете дали ќе ни дојде и снегот

Ни пристигна декември, а со него и климатолошката зима, но дали ќе ни пристигне и снегот овој месец? Според моменталните анализи со кој ние располагаме, зимата својата сила треба да ја покаже после 10. декември, кога очекуваме врнежи од дожд и снег, сепак поради тоа што се работи за подолгорочна прогноза, шансите за ова да се оствари и не се толку големи поради тоа што сето ова зависи од многу фактори во атмосферата.

Што се однесува пак до новогодишната ноќ, сегашните анализи кажуваат дека мали се шансите за снежна нова година но не значи тоа дека ќе биде баш така затоа што до тогаш имаме уште 30 денови што значи дека промени на оваа прогноза сигурно ќе има, но какви останува да видиме како ќе се одвиваат работите. Инаку зимата пред нас би била просечна во поглед на температурите и врнежите, најврнежлив месец и понатаму останува февруари кога очекуваме и најмногу врнежи (дожд и снег). Но тоа не значи дека и другите зимски месеци нема да имаме врнежи.

Подготви: Славчо Попоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top