| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на фотографии по повод 20 години Скопско астрономско друштво

Скопското астрономско друштво организира изложба на астрофотографии по повод 20 години од постоењето на Друштвото.

Насловена „20 години низ објективот на Скопското астрономско друштво”, на изложбата ќе бидат презентирани најновите астрофотографии на Друштвото, изведени во разни техники за фотографирање на ноќното небо и небесните објекти.

Автори на фотографиите се членовите на Друштвото.

Отворањето на изложбата е на 7 декември 2018 г. во 20 ч. во Домот на АРМ. Изложбата ќе трае до 16 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top