| четврток, 6 декември 2018 |

Aктерка повикана на суд бидејќи носела провокативен фустан

Египетската актерка Ранија Јусеф во јануари следната година ќе мора да се појави пред суд бидејќи е обвинета за носење на провокативен фустан.

Јусеф за време на церемонијата на отварање на филмски фестивал во Каиро носела свечен мрежест фустан кој од струкот надолу бил целосно прозирен и нозете и целосно и се гледале.

Судењето ќе се одржи на 12 јануари, по пријава на група адвокати одобрени од јавниот обвинител.

На актерката и се заканува казна затвор и до пет години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top