| четврток, 6 декември 2018 |

Слатка одмазда: Вардар го победи Кјелце, ќе презими втор во ЛШ

Вардар последните четири кола од групната фаза од Лигата на шампионите ќе ги дочека како второпласиран тим, откако во последното 10. коло во Скопје го победи Кјелце со 28-27 (14-11).

Со двата бода сега „црвено-црните” имаа 13, и се искачија на второт место. По завршувањето на комплетното 10 коло ќе се знае дали Вардар уште отсега ќе обезбеди место во Топ-16 фазата, иако до крај ќе се бориме и за првото место што носи директно во четврт-финалето.

Ова беше шеста победа за Вардар сезонава во групната фаза и го прескокнавме полскиот тим на табелата. Првите шест од групата продолжуваат во следната фаза.

Во последните минути од мечот имаше и неизвесност бидејќи гостите се приближија на само еден гол негатива, но Дисингер и Карачиќ погодија за водство, а клучна одбрана имаше и Калифа Гедбан во последната минута.

фото: РК Вардар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top