| четврток, 6 декември 2018 |

Осумте пратеници ќе гласаат воздржано за три уставни амандмани

Пратеникот, Зекир Рамчиловиќ од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека осумтемина пратеници кои гласаа за отворање на измените на Уставот, ќе гласааат воздржано за три амандмани.

Тој рече дека со тоа ќе испратат порака до премиерот оти процесот на уставните измени е врзан со процесот на помирување и простување. Рамчиловиќ додаде дека со воздржано гласање ќе им остават простор на експертите да се изјаснат за амандманите.

Во Собранието во тек е дебатата за уставните амандмани.

Премиерот, Зоран Заев во Собранието истакна дека уставните амандмани ќе бидат дел од Уставот само ако Грција ја изгласа спогодбата и го поддржи Протоколот за пристапување во НАТО. Тој ги повика пратениците да ги поддржат измените произлезени од преспанскиот договор и да ги следат интересите на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top