| четврток, 6 декември 2018 |

Со осврт кон творештвото на Горан Стефановски почнува македонската програма на саемот на книгата во Пула

Годинава во рамките на регионалната програма на оваа реномирана меѓународна саемска манифестација чија тема е „Слобода“, во фокусот се Македонија и современата македонска литература претставена преку неколку реномирани автори, меѓу кои Никола Маџиров, Лидија Димковска, Владимир Јанковски, Румена Бужаровска, Елизабета Шелева, Артан Садику, Љуљзим Хазири и други

Со едноминутно молчење за ненадејната смрт на македонскиот драматург Горан Стефановски, во присуство на добитникот на Нобеловата награда за литература Воле Сојинка од Нигерија и многубројни гости и посетители вчера во Домот на хрватските бранители во Пула, Р. Хрватска свечено беше отворен 24. Саем на книга, информираат од Министерството за култура.

Годинава во рамките на регионалната програма на оваа реномирана меѓународна саемска манифестација чија тема е „Слобода“, во фокусот се Македонија и современата македонска литература претставена преку неколку реномирани автори, меѓу кои Никола Маџиров, Лидија Димковска, Владимир Јанковски, Румена Бужаровска, Елизабета Шелева, Артан Садику, Љуљзим Хазири и др.

Програмата насловена „Македонија чита“ започнува вечерва и ќе биде посветена на творештвото на Горан Стефановски односно на промоција на неговата книга „Одисеј и други драми“, публикувана од Хрватската универзитетска издавачка куќа, што е прв превод на хрватски јазик на овој истакнат македонски автор.
Саемот на книгата во Пула ќе трае до 9 декември.

Со почит,
Министерство за култура

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top