| четврток, 6 декември 2018 |

Презентиран проектот „Поетика на срамот“

Во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) беше одржана прес-конференција, на која беше презентиран проектот „Поетика на срамот“.

„Поетика на срамот“ е проект во процес на реализација, во соработка помеѓу Здружението „АРТОПИЈА“ – Скопје и „#reteteatro41“ од Италија, а се одвива во рамки на програмата Матера – европски град на културата за 2019 година.

Проектот „Поетиката на срамот“ се стреми кон тоа во уметничка и изведбена форма да ги истражува различните етички, социјални, антрополошки и литерарни облици на срамот кои се рефлектираат низ знаци, симболи, значења и традиции на општествата за кои чувството на срамот е дел од секојдневието.

„Скопскиот“ дел од проектот трае од 25.11. до 15.12.2018. Во фокусот на овој дел е театарска работилница, од која треба да произлезе финалниот продукт – театарска претстава, чија премиера се очекува во Матера, Италија, во Март 2019 година. Покрај работилницата и другите активности, значаен настан при реализација на делот од проектот одработен во Скопје е и панел дискусијата на тема „Ајде да зборуваме за срамот” која ќе се одржи на 02.12.(недела), во 12:00 часот, во просториите на Младинскиот културен центар(галерија МКЦ). На темата ќе говорат Мила Царовска (Министер за труд и социјална политика), професор Владимир Милчин (професор и театарски режисер), Вардан Тозија (филмски режисер) и Гофредо Фофи (критичар) од Италија.
„Поетиката на срамот“ е поддржан од Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top