| четврток, 6 декември 2018 |

Уживање за сите сетила беше кабаре концертот на Мијата

Уживање за сите сетила беше кабаре концертот на македонската пејачка Мијата кој се одржа во петокот навечер во малата камерна сала на Македонската филхармонија.

Музика, стихови, перформанс, глума, понуди македонската кантавортка со своето дело „Јаболки и круши за уметнички души“. Покрај песните од албумот „Небеска“, таа испеја и понови хитови, а публиката ја почести и со една француска шансона и руска романска, исепани со многу љубов и посветеност. Сензуална, но и многу емотивна, Мијата за секоја песна имаше посебен настап и костим, а се заедно одлично се вклопи во кабарето. Преку рецитациите и песните на Мијата публиката ги дознава сите дилеми и преиспитувања со кои се соочила додека творела.

Кабарето заврши со „Верувам во себе“, најголемиот хит на Мијата, кој го испеа заедно со публиката која ја награди со громогласен аплауз.

Режијата за овој акустичен кабаре перформанс е на Војо Цветановски. Покрај Мијата во него учестуваат и  Мето Јанакиевски во улога на пантомимичар и физички театар, Ајхан Куртов на пијано, Зоран Костадиновски (акустична гитара), Ратко Даутовски (кахон и перкусии) и Кирил Туфекчиевски на контрабас. Ангела Здравковска е придружен вокал, Тања Рибарска ќе ја имаше улогата на инспициент, а за рецитациите беше задолжена Јелена Мијатовиќ, сестрата на Мијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top