Демонстрантите поставија шатори на улицата пред Собранието, откако попладнево започнаа со протестот против утврдување на нацрт амандманите внатре согласно договорот од Преспа, со кој се предвидува промена на Уставното име
Протестот е во организација на иницијативата „Македонија блокира“. Демонстрантите вејат македонски знамиња и бараат да се стопира процесот за уставни измени.
Како што велат, уште од утрината биле соочени со опструкции од полицијата, која прво поставила барикади на средина на улицата пред Собранието, а потоа, како што велат им ја исклучиле и струјата од трансформаторот во паркот „Жена Борец“, поради што морале да купат „народен генератор“ за да ја напојуваат опремата.
Демонстрантите поставија и шатори на улицата пред Собрание, каде ќе останат до Нова година за кога се планира и гласањето на уставните измени со кои се предвидува менување на уставното име на Република Македонија.
Околу Собранието се поставени силни полициски сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст