| четврток, 6 декември 2018 |

Жртва на Шарената револуција: Се срамам и не знам како да им се извинам на децата што ги злоупотребив за протести

Активистката на шарената револуција Јасна Николовска на фејсбук профил напиша дека се кае што со ветување за подобро утре ги злоупотребувала своите деца во 2016 година кога ги носела на протести.

Николовска пишува дека овие работи ги објавува на социјалните мрежи, за еден ден нејзините деца да може да видат како таа им се извинува што ги злоупотребила во политички цели.

„На еден протест од многуте каде што ги носев децата, се сврти ќерка ми и ме праша: ” мама шо е ова? Зошто толку полиција има? Зошто сите викаат? Шо се случува? “
и одговорив сигурно и гордо: ова ќе го пиши во учебникот по историја по 50 години. Тука сме со причина, да се бориме за подобро утре. Да бидиме посреќни сите, да се ослободиме. Се сврти една соборка и рече: браво Јасна, многу убаво и кажа, колку убаво ги учиш децата!
Така се смири.
Денес, се срамам поради тоа и не знам како да им се извинам на децата. Го пишувам тука, со надеж дека еден ден ќе прочитаат и ќе сфатат дека се каам. Им се извинувам затоа што ги (зло)употребив. Беа само средство за промена на фотељата на лошите чичковци и тетки вештерки кои се се уште тука. И ќе бидат. А, ние нема да бидеме посреќни, напротив.
Сега знам дека единствен начин да бидеме посреќни е да останеме здрави, ако е можно… и цела сила да ја насочиме кон емиграција. Сите тројца комплет, јер овде за нас живот ниту имало, ниту ќе има“, напиша Николовска на нејзинот фејсбук профил.

Николовска беше еден од најестоките активисти на шарената револуција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top