Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Весна Пемова на денешната Собраниска седница го праша премиерот Зоран Заев, зошто ако живееме во демократија Собранието како никогаш досега е опколено со полиција и војска.
-Денеска кога доаѓав на работа на патот од Петровец кон Скопје имаше полнополиција и војска, Собранието денес е опколено како никогаш порано со бројна полиција и војска, а вие во вашето обраќање и тоа на самиот почеток зборувавте за демократија и за демократско опшстество како што било нашето. Ова ли е демократија војска и полиција да ги чува народните пратеници и тоа од кого, од народот, за каква тоа демократија зборувате, праша Пемова.
Таа додаде дека Заев треба да даде одговор пред јавноста зошто е потребно толку многу обезбедување на Собранието односно храмот на демократијата и од кого се чуваат претениците кои се народни избраници.
-Кога веќе спомнав за демократија таа значи едно општествено уредување каде што моќта му е дадена на народот и се извршува непосредно преку него или преку негови народни избрани претставници. Во секое едно демократско општество кон какво што и ние се стремиме волјата на граѓаните треба да биде неприкосновена и не смее да има простор за никакви импровизации и манипулации, додаде таа.
Пемова на крај истака дека за жал сме сведоци дека демократијата во Република Македонија ја нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст