| четврток, 6 декември 2018 |

Работната група за помирување ќе се состане во Собранието

Работната група за помирување на Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција, ќе одржи состанок денеска во 14:00 часот, соопшти спобраниската прес-служба.

Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција на вечрашниот состанок со премиерот Зоран Заев постигнаа начелна согласност за процесот на помирување и за изготвување законско решение.

Договорија да се формираат три работни групи – за интеграција, за реформи и за помирување, кои според договореното, до вторник треба да ги разгледаат своите области и да излезат со конкретни предлози и решенија, со што би се дало динамика на целиот процес.

Премиерот Зоран Заев, по средбата со членовите на ова тело рече дека е покажана политичка волја и подготвеност за ваков чекор, но посочи дека дека мора да се направи дистинкција од насилство и учество во настаните од 27 април 2017 година во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top