| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонија блокира“: Оградата пред Собрание поставена на самиот булевар, не гарантираме за безбедноста доколку народот сам ја поместува

„Ја информираме јавноста дека министерот во МВР Оливер Спасовски ја направи првата опасна провокација во врска со денешнот голем Сенароден протест пред Собранието на Република Македонија. Утрово министерот Спасовски дал наредба за првпат во историјата на протестирање пред Собранието заштитната ограда да се постави на самиот булевар со што се узурпира просторот наменет за народот.
Го повикуваме Спасовски да ја помести оградата на вообичаеното место пред самото Собрание бидејќи во спротивно не гарантираме за безбедноста доколку народот се доведе во ситуација самиот ја оддалечи оградата на вообичаеното место“, се вели во соопштението на „Македонија блокира“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top