| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Најзагадениот главен град во Европа за кој дури и не знаевте

„Мамо зошто треба повторно да го носам ова? Ме боли устата“, и вели пет годишниот Норик на својата мајка, пред да ја стави малата маска за заштита од загадениот воздух, вака почнува текстот на „unenvironment“, организацијата на Обединетите нации за заштита на животната средина.

Економистот Игбал Ферати секое утро оди до локалната градинка со Норик движејќи се по центарот на Скопје, градот кој често се соочува со опасно ниво на загаденост на воздухот.

-Јас навистина се плашам за здравјето на моето дете и секога го проверувам нивото на загаденост на мојот мобилен телефон преку апликацијата „Мојвоздух“. Особено во зима кога загадувањето на воздухот се влошува не можам да дозволам Норик да излезе надвор без маска. Знам некои родители кои дури и не им дозволуваат на своите деца да одат на училиште во одредени денови за да не бидат изложени на загаден воздух. Ние сме „заклучени“ во нашите домови со прочистувачи на воздухот надевајќи се дека во иднина нема да влијае на здравјето на нашите деца, вели Игбал.

Таа додава дека мора да ги лажат децата дека се супер херои за да ги стават маските на себе и дека е премногу тешко и тажно да се објасни оваа ситуација на децата.

Скопје, град со повеќе од половина милион луѓе, кој се наоѓа во центарот на Балканскиот полуостров во јужна Европа, беше ставен на листата на Светската здравствена организација (СЗО) меѓу градовите во Европа со најголема концентрација на штетни ПМ честички 2.5 во воздухот.

Честичките 2.5 вклучуваат различни компоненти како што се нитрати, сулфати, органски хемикалии, метали, прашина и црн јаглерод, кои претставуваат ризик за здравјето на луѓето. Поради нивната мала големина, тие продираат во белите дробови и се познати дека предизвикуваат болести на срцето, белите дробови и сл.

Последните податоци објавени од Светската здравствена организација во 2018 година покажуваат средно ниво од 40 микрограми средно ниво на ПМ 2,5 честички во Скопје – што е четири пати повеќе од препорачаните нивоа од 10μg / m³.

Во однос на средните концентрации на PM 10 и PM 2.5, Базата на податоци за загадување на амбиентниот воздух на Светската здравствена организација за 2018 година го рангираше Скопје како најзагадениот главен град во Европа.

На пример, на 13 ноември 2018 година, Европската агенција за животна средина ја оцени скопската општина Карпош дека има „многу сиромашен“ квалитет на воздухот. Таа регистрирала 104.6μg / m3 PM 2.5 – што е 10 пати повеќе од препорачаните нивоа на Светската здравствена организација.

Организацијата проценува дека 2.574 луѓе предвреме умираат во земјата поради загадување на воздухот.

Причини за загадувањето на воздухот во Скопје

Најголеми причинители за загадувањето се печките за горење во домаќинствата каде се мешаат огревни дрва, мазут, и јаглен, како и старите автомобили со висок степен на загадување.

Целиот нивен текст инаку можете да го прочитате ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top