| четврток, 6 декември 2018 |

Распиштолената дипломатија на Димитров (ФОТО)

Министерот Никола Димитров денеска е во Будва, утре во Брисел, задутре на трета страна на светот. Но, додека министерот е
на пат, до медиумие пристугнуваат фотографии дека на вработените во неговиот кабинет им се погодила живејачката на државна сметка, па знае да ги совлада и дремката.
Порталот Магазик.мк објави фотографии од Кабинетот за поддршка на активностите на министерот Димитров, каде што се вработени, како што пишува порталот „точно 17 луѓе, од шеф на кабинет, до три секретарки, лица за односи со медиумите, началници за координација со владата, претседателот и собранието, неколку советници, соработници“.
Фотографиите што ги објави порталот се од Владимир Сарафов, близок соработник на Никола Димитров за национални приоритети, дијаспора и малцински прашања. Ги испратил читател, кого работата го навела да си има работа со распиштолената дипломатија на Димитров.

„Кога стигнал до канцеларијата на Сарафов, на негово чудење, забележал дека тој спие во работно време, дури бос, со нозете на биро. Го фотографирал со мобилниот телефон. Според нашиот извор, странката тропнала во соседната канцеларија во која љубезно го пречекала друга вработена во кабинетот на министерот Димитров, но на неговата забелешка дека советникот на министерот спие во работно време, таа го посоветувала да дојде друг пат, да не го буди, бидејќи понекогаш знаел да биде насилен“, пушува порталот.

Целиот текст и повеќе фотографии ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top