Неполни два часа по оружената престрелка во центарот на Тетово, полицијата веќе уапсила три лица осомничени за учество во инцидентот на булевар “Илирија”. Во моментов се трага и по други сомничени.
Ова за ЦИВИЛ Медиа го потврдил Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово кој рече дека е направена и материјална штета на три локали и еден од паркираните автомобили од куршумите кои летале на сите страни.
Неофицијално, сведоци од настанот тврдат дека две групи пукале една на друга од два автомобили, од кои едното возило било во движење, а другото било неподвижно. Инцидентот почнал во едно од казината во близина на местото на инцидентот, по што двете групи расправијата ја продолжиле надвор по булевардот. Првите информации од терен тврдат дека се пукало од пиштоли и калашников.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст