| четврток, 6 декември 2018 |

Функционер на ДУИ учествувал во престртелка во Тетово

Функционер од ДУИ, поранешен вработен на висока позиција во Управата за јавни приход бил учесник во пукотницата во центарот на Тетово, поточно во близина на локалниот ресторан „Делфин“ ,  објави  Скопје 1.

Истрелите од огнено оружје се слушале во строгиот центар, а лица од автомобили во движење пукале едни кон други. Дел од куршумите завршиле во угостителскиот објекти.

Престрелката била со калашников, изјавиле очевици за Скопје 1.

Неофицијално, во престрелката има и ранети. Според информациите, во моментов се врши увид од страна на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top