| четврток, 6 декември 2018 |

Мери Николова: Кирацовски, треба кривично да бидеш гонет!

Мери Николова од СДСМ на својот фејсбук профил повторно „удри“ по министерот и генералниот секретар од редовите на СДСМ, Александар Кирацовски. Таа напиша:

Kирац доста поткупуваше новинари на портали, доста вработуваше нивни ближни за да те штитат и убаво да пишуват за тебе, доста им плаќаше да уживат за викенди во Охрид. Ајде сега тие истите нека кажат дали партијата ти плаќа кирија во Скопје? И доколку ти плаќа, тогаш треба да ги вратиш патните трошоци во собрание до денар. И ако се утврди дека е така, треба и кривично да бидеш гонет за измама! Иако ме имаш блокирано на фејс сепак има кодоши и улижувачи кои ќе ти ги пренесат овие критики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top