| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарките му дадоа 41 гол на Азербејџан

Женската ракометна репрезентација на Македонија оствари убедлива победа над Азербејџан со 41:22 (18:8) на стартот на квалификациите за баражот за СП 2019, кое ќе се одржи во Јапонија.

„Жолто-црвените” одиграа силен дуел и ја покажаа својата надмоќ над противникот, откако во ниту еден момент на оставија сомнеж за победата.

Сара Ристовска со 11 голови ја предводеше Македонија, а кај Азербејџан Танкаскаја реализираше шест.

Нашата репрезентација утре од 18:00 часот ќе го одигра вториот меч од квалификациите со селекцијата на Исланд.

Првото место во групата, во која е уште и Турција, носи пласман во јунскиот бараж за СП 2019.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top