| четврток, 6 декември 2018 |

Белградска ,,Ѕвезда” доби опомена пред исклучување од УЕФА

Црвена ѕвезда , која е сензација во Лигата на шампионите , се соочува со среиозен проблем поради прекршувања на правилата на УЕФА за допинг. Српскиот шампион не доставувал податоци за ненајавените допинг тестови на своите играчи. Вообичаена пракса е контролорите да доаѓаат ненајавени во клубовите низ светот, а клубот е должен редовно да доставува информации за точната локација и активностите.

Секоја недела клубовите поплнуваат прашалник , во кој наведуваат каде следната недела ќе се наоѓа секој од нивните фурбалери. Клубот ,,Црвена ѕвезда” неколку пати избегнала да ги достави овие податоци.

Така , контролорите останале без податоци за тројца фудбалери. Од УЕФА пристигнало предупредување во кое се наведува доколку не го достават податоците ќе добијат парична казна , а потоа и забрана за играње во европските купови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top