| четврток, 6 декември 2018 |

Одбраната тврди дека Јанакиевски и Божиновски без основа се држат во притвор

Одбраната на ексминистерот Миле Јанакиевски и поранешниот државен секретар на Влада, Кирил Божиновски, смета дека Апелациониот суд не ги земал в предвид нивните агрументи и докази со кои тие ја оспорија основаноста на решението за определната мерка притвор. И покрај тоа што адвокатскиот тим се уште го нема добиено ова решение од второстепениот суд, велат дека убедени во својата одбрана ќе ја продолжат правната битка за да докажат дека Јанакиевски и Божиновски без никаква основа се држат притворени.

-Одбраната во текот на жалбената постапка по определените мерки притвор за обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски истакна повеќе повреди, како на Законот за кривична постапка, како и на Европската конвенција за заштита на човековите права и слободи. До овој момент одбраната го нема примено решението на апелациониот суд, меѓутоа, со оглед на објавата дека се одбиени жалбите на одбраната и обвинетите и понатаму остануваат во притвор, можеме да заклучиме дека судот ги игнорирал посочените повреди на Законот и Конвенцијата од страна на одбраната. Меѓутоа, ние сме длабоко убедени во основаноста на нашите аргументи и нема да се откажиме. Напротив, и натаму ќе ги искористиме сите правни средства кои ни стојат на располагање – вели адвокатката Сања Алексиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top