| четврток, 6 декември 2018 |

Ново бебе во скопската Зоолошка градина

Скопската Зоолошка градина денеска доби принова. Се роди берберска овца. Зоо се пофали на својата фејсбук страница објавувајќи дека има ново бебе во Зоо Скопје во фамилијата берберски овци.

Берберската овца природно живее во Северна Африка, и тоа: Алжир, Тунис, Египет, Либија, Мавританија,северен Мали, Мароко, Нигер, Судан и северен Чад.

Берберските овци во природата можат да се сретнат во степски планински подрачја каде пасат и брстат треви, грмушки и лишаи.

Потребата за вода можат наполно да ја задоволат преку храната, но ако наидат на течна вода, ја пијат и се валкаат во неа.

Активни се рано наутро и на квечерина, а жегата ја минуваат во одмор.

Со нозете се многу спретни и можат да скокнат од место дури 2 м во висина.

Кога ќе забележат опасност, веднаш бегаат по нагорнините и скокаат напред-назад за да го збунат непријателот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top