| четврток, 6 декември 2018 |

Зеколи за владиното субвенционирање весници: „Ние само го копираме Груевски“

Поранешниот дипломат и политички аналитичар реагираше на одлуката на владата со 50 милиони денари, или 810 илјади евра, да го поддржува печатењето и дистрибуирањето на печатените медиуми.

„Од рубриката: Ние не сме како Груевски. Ние само копираме од Груевски. И притоа го надградуваме и прошируваме.

Владата ќе ги субвенционира весниците со над 800 илјади евра”, напиша Зеколи на Твитер.

Владата ќе го субвенционира печатењето и дистрибуцијата на весниците на македонски јазик во висина од 50 отсто, а на оние кои се издаваат на јазиците на етничките заедници ќе се доделуваат средства до 70 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top