| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Какви ли беа препораките на Прибе, да ги прислушувате обвинителите и судиите?

Времето во кое било прислушнувано обвинителството се поклопува со министерувањето на Оливер Спасовски со МВР. Истиот Оливер кој и после три недели не сака да превземе одговорност и поднесе оставка за заминувањето на Груевски – пишува аналитичарот Александар Пандов на својот фејсбук профил, коментирајќи го денешниот скандал со прислушувањето на фиксните телефони во Јавното обвинителство.

Понатаму додава:

Па логично е ваљда секој човек да си го постави прашањето, ако ликов нив ги слушал, што правел по другите институции, а воопшто и да не помислуваме што останува за нас, обичните граѓани! Или до толку е неспособен да ги заштити нив, а и нас? Вакви ли беа препораките на Прибе, да ги прислушувате обвинителите и судиите? Вака ли е во Европа?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top