| четврток, 6 декември 2018 |

Михајловски: Oние кои смислуваа црни кампањи за Заев, сега не убедуваат да го послушаме

Неодамнешните изјави на некогашни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, дека актуелното раководство треба да ги послуша „добронамерните совети“, како и да се согласи и приклучи кон планот за преименување на Македонија и уништување на македонската нација, е тема на коментар на актерот и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски, кој ги прозва овие лица како луѓе кои „аминуваа кампања во кои ќе се прикаже Зоран Зав за предавник, криминалец, аболиран“. Истите тие, сега велат да го послушаме Заев – вели Михајловски.

Сите што требаа, сакаа, се помирија. Разликите исчезнаа. Нема разлика. Секоја “риба” си отиде во своето “јато”. Да си ја плати киријата, концесијата. Да си го обезбеди сопствениот мир. Многу себично. И дрско.

Дрско и безобразно затоа што, токму, креаторите и инспираторите на омразата кон Зоран Заев, првиот ешалон од едно не толку далечно време кои смислуваа и аминуваа “кампањи” во кои ќе се прикаже дека Зоран Заев е предавник, криминалец, аболиран, сега велат дека треба да го послушаме и поддржиме самоубиствениот план на Ел Дуче.

Уште поголема перверзија е што Зоран Заев во изминативе 4 години борба за превласт, токму овие ликови ги прозиваше како есенција на злото и криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, па велеше дека ќе ги апси, ќе ги вратат парите, ќе си лежеле и дека живи ќе ги изеде.

И сега, тие и Тој, се заедно. Тоа кажува само едно. И тие и тој биле и во право. Има криминал, и тој е можеби нивниот најмал заеднички содржател.
За вистински да се помириме, сите, треба да има правда, а не одмазда. И да се спроведе таа правда. И да важи за сите. Оти, ако нема правда, точно така, нема мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top