| четврток, 6 декември 2018 |

Жељко Јоксимовиќ: Не ми е срам што и пеев пратечки вокали на Цеца

Иако периодов е премногу зафатен и на големо се подготвува за концертите кои го очекуваат во Белград, Нови Сад, Скопје… Жељко Јоксимовиќ неодамна за српските медиуми откри мали детали кои на публиката досега не и беа познати.

Имено, пред дваесетина години Јоксимовиќ сериозно соработувал со мега популарната Светлана Цеца Ражњатовиќ и тоа верувале или не бил придружен вокал на големиот хит кој веруваме сите го знаете или барем досега некаде сте го слушнале “Лепи громе мој”

„Со Цеца сме многу добри другари и таа соработка беше навистина одлична. Требаше да снимаме дует, но ништо не излезе од сето тоа. Досле долго размислување, Цеца ми рече: Ајде Лане отпеј ми некои вокали во една песна, а јас без многу размислување реков дека сакам. Многу ми е драго што на Цеца и пеев пратечки вокал и што и ден денес се дружам со неа”, изјави Јоксимовиќ за српските медиуми. Тој меѓудругото и рекол дека се радува на претстојните новогодишни празници.

„Понекогаш верувам во Дедо Мраз, а понекогаш не. Сметам дека ние самите на себе си сме најдобар Дедо Мраз. Какви одлуки и да донесеме, така животот ќе ни биде. Од друга страна тука се најмалите, Коста кој што знае што сака за Нова година и верува во таа магија, додека Ана и Срна се сеуште мали и ние одлучуваме за нив”, додава Јоксимовиќ во врска со новогодишните празници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top