| четврток, 6 декември 2018 |

Анабела Атијас го затвори бутикот на ќерка си

Поп-пејачката Анабела Ѓогани по три месеци разделеност од најстарата ќерка Луна Ѓогани, која е повторно дел од реалното шоу „Задруга“, имаше можност да разговара со ќерка си, по што раскажа како се чувствувала за време на нивната средба.

Драго ми е што добив можност да разговарам со Луна. Многу сме поврзани, а тоа може да го разбере само некој што има таков однос со своето дете. Ми недостасуваше три месеци и сега, кога ја прегрнав и помирисав, добив сила да продолжам да се борам. Долго време сум на естрадата, но секогаш настојував да бидам човек со другите, водејќи се од изреката: Кога се искачуваш по скалите на успехот, секогаш поздрави го оној што ќе го сретнеш, бидејќи можеби повторно ќе го видиш кога ќе се симнуваш. Никогаш не знаете кој и кога ќе ви затреба и новопечените ѕвезди не треба да ги затвораат вратите со задникот.“

Бутикот за облека што го носеше потписот на младата блогерка го отворија по првата сезона на „Задруга“, но Анабела го затвори неодамна, поради, како што вели, поголеми планови и лошата здравствена состојба.

Бутикот го отворив поради своето дете, а го затворив бидејќи имаме други планови. Не сакав да и’ зборувам за тоа кога влегов во ‘Задруга’. Ќе требаше да и’ објаснувам и да и’ соопштам дека се повлеков поради здравствената состојба, а немаше потреба да ја оптоварувам со тоа“, раскажа Анабела за „Ало.рс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top