| четврток, 6 декември 2018 |

Бошњаковски: МВР е вклучено во предистрагата за снимените разговори на обвинителите

Министерството за внатрешни работи целосно е вклучено во предистражната постапка за снимените разговори од фиксните телефони на обвинителите во Основното јавно обвинителство, изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

– Владата остро го осудува случајот со снимените телефонски разговори во Основното јавно обвинителство. Сметаме дека ваквите појави се рецидив од минатото и пракса на минатите владејачки недемократски структури. Владата очекува дека институциите ќе посветат максимални капацитети во истрагата, дека ќе се расчисти настанот и дека јавноста ќе биде веднаш и целосно информирана, рече тој.

Бошњаковски рече дека одговорноста мора да биде идентификувана, утврдена и целиот случај да има ефикасна судска разрешница.

– Владата исто така ги става на располагање на ОЈО сите капацитети со кои располагаме доколку е истото побарано и потребно, истакна тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top