| четврток, 6 декември 2018 |

Ристиќ обвини за прикривање на чедоморство, од СВР Тетово велат: Апсолутно не е точно

Актерката Ирена Ристиќ предмалку на „Фесјбук“ сподели вест дека девојчето од Гостивар што пред неколку недели загина во Вардар, всушност била убиена. Како што пишува актерката, се работи за чедоморство, а во полиција веќе се приведени две лица поврзани со случајот.

Од СВР Тетово за „Република“ велат дека ова е апсолутно неточна информација.

  • Ништо од тоа што го пишала не е точно. Проверено е и во полицијата во Гостивар и во Обвинителство, нема ништо слично – ни одговори Марјан Јосифовски од СВР Тетово.

Актерката го избриша статусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top