| четврток, 6 декември 2018 |

Taткото ја претепал зошто го нервирала, мајката лажела дека починала од вирус

Дваесет идвегодишниот Ферди Јашари од Земун, Србија е уапсен за убиство на петмесечната ќерка Леонора, која ја претепал  до смрт во семејната куќа. Убиството е откриено дури откако новороденчето е погребано, кога Ферди се напил и и го признал убиството на мајка си.

Злосторството се случило во петокот, 23 ноември, во вечерните часови. Ферди со тупаница неколку пати ја удрил ќерка си, по што мајката Милена ја однела во болница, каде бебето почина неколу дена подоцна. Таа имала скрешни ребра, бројни модринки и рани по телото и внатрешни повреди.

Афродита Јашари, мајката на Ферди, за српски „Курир“ раскажува дека за смртта на внуката дознала во понеделникот, додека била во Германија.

  • Снаата ми се јави од болница дека детето починало од стомачен вирус, затоа што наводно лекарите не интервенирале на време. Шокирана, веднаш тргнав за Србија за да бидам со семејството – раскажува Афродита.

Неколку часа по погребот, нејзиниот син се и признал

  • Пиеше ракија, забележав дека нешто го мачи. Го прашав што се случува, ја наведна главата и ми кажа дека тој е виновен и дека многу се кае – вели Афродита.

Ферди и рекол дека мора да се соочи со казната.

  • Ми рече дека спиел и дека го разбудил беебшкиот плач. Поради тоа се изнервирал и ја претепал Леонора. Можеби беше нервозен бидејќи кризираше за дрога. Веднаш го пријавив во полиција. Син ми е и ќе го жалам, но нема да му простам – рекла таа.

Мајката на Милена, пак, за убиството дознала токму од Афродита. Таа раскажува дека ќерка и е во лоша состојба и постојано е во кревет. Со неа е и првото дете на Ферди и Милена, малиот Ацо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top