| четврток, 6 декември 2018 |

Удрил во карпа и се превртел на кров: Тешка сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

Вчера околу 7 часот, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај Церовски мост, патничко возило „Опел корса“ со гостиварски регистерки таблици, што го управувал 50-годишниот гостиварец Г.Г, од докрај неутврдени причини загубило контрола, удрило во карпа и се превртело на покрив.

Повредениот возач пренесен е во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

По извршениот увид се утврдува причината за излетувањето на возилото и другите околности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top